Форум ЕУ - Западен Балкан во Скопје

Проширувањето на ЕУ е клучно за нејзината понатамошна безбедност а  Р. С.Македонија и Албанија се длабоко навлезени во овој евроинтегративен процес и треба да добијат датум за старт на преговорите, но реформите во судството мора да продолжат, е пораката која ја испратија од министерскиот форум кој се одржа во Скопје Еврокомесарката за правда Вера Јурова и министерката за правда на Финска Ана Маја Хериксон.

Во врска пак со француската методологија високите претставнички велат дека до прва за неа ќе треба да дискутира Советот на ЕУ за општи прашања но тоа не треба да ги обесхрабрува двете земји, а во реформскиот дел она што и е потребно на земјата во правосудниот систем се судии и обвинители од доверба кои ќе успејат да ја сведат корупцијата на најниско ниво.

Министерката за правда на Македонија Рената Десковска пак во изјавата која ја даде за медиумите посочи дека ветингот ќе биде межу клучните приоритети доколку оваа влада по изборите повторно го освои мандатот, но вели недобивањето на датум за старт на преговорите нема некоја поврзаност со реформскиот процес на земјата бидејќи македонија испорачала се што ЕУ барала.

Министерскиот форум продолжува и утре каде меѓу главните теми за кои ќе разговараат претставниците на ресорните министерства за правда и внатрешни работи ќе бидат и бегалската и мигрантската криза.