Формула 1 со специјален настан ќе му одаде почит на славниот Аиртон Сена
Foto

Формула 1 со специјален настан ќе му одаде почит на славниот Аиртон Сена

Сао Паоло на 9ти ноември 2019 година ќе биде домаќин на специјален настан за да го прослави животот на трикратниот светски шампион во Формула 1 Аиртон Сена. Настанот ќе му оддаде почит на наследството што го остави Сена во Формула и на народот на Бразил.

Настанот Heineken F1 - SENNA TRIBUTE ќе биде бесплатна манифестација, што се одржи во паркот Ибирапуера, во сабота на 9 ноември, од 12 до 14 часот (по локално време), како дел од означувањето на
FORMULA 1 HEINEKEN GRANDE PRÊMIO DO BRASIL 2019 или трката за големата награда на Бразил која ќе се вози по една недела.

Обожавателите ќе бидат сведоци на моделните автомобили на Формула од Мерцедес-АМГ Петронас Моторспор и тимот на Рено Ф1 кои нивните возачи ќе ги возат низ улиците на Сао Паоло, вклучувајќи го и возачот на Мерцедес Естебан Гутиерез.

Легендите на Ф1 вклучително и двојниот светски шампион во Формула 1, Емерсон Фитипалди, кој имаше големо влијание во кариерата на Сена и Фелипе Маса кои ги следеа стапките на Сена и за кои Сена беше инспирација ќе се приклучат на прославата со возење на историските автомобили на Сена.

Тие ќе им овозмоат на обожавателите на Формула ретка шанса да го видат болидот Толеман ТГ184, дебитантскиот автомобил Ф1 на Сена од 1984 година, и иконскиот црно-златен Лотус 97, со кој Сена ја освои прва победа во 1985 година кој по многу години ќе помине низ улиците на Сао Паоло.

0 Коментари

Остави коментари