Формула 1 сезоната 2021 година ќе ја почне на 21 март во Австралија
Foto

Формула 1 сезоната 2021 година ќе ја почне на 21 март во Австралија

Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) го одобри календарот на Формула 1 за сезоната 2021 година.

Во 2021 година е планирано да се одржи 23 „Гран при“, додека во моментот не е објавено каде ќе се одржи етапата, која е закажана за периодот од 23 до 25 април.

Сезоната започнува на 21 март со трка во Австралија и завршува со етапа во ОАЕ на 5 декември.

Ф1 календар за сезона 2021 година:

21 март – Австралија (Мелбурн)

28 март – Бахреин (Сахир)

11 април – Кина (Шангај)

25 април –

9 мај – Шпанија (Барселона)

23 мај – Монако

6 јуни – Азербејџан (Баку)

13 јуни – Канада (Монтреал)

27 јуни – Франција (Ле Кастелет)

4 јули – Австрија (Спилберг)

18 јули – Велика Британија (Силверстоун)

1 август – Унгарија (Будимпешта)

29 август – Белгија (Спа)

5 септември – Холандија (Зандворт)

12 септември – Италија (Монца)

26 септември – Русија (Сочи)

3 октомври – Сингапур

10 октомври – Јапонија (Сузука)

24 октомври – САД (Остин)

31 октомври – Мексико (Мексико Сити)

14 ноември – Бразил (Сао Паоло)

28 ноември – Саудиска Арабија (Џеда)

5 декември – ОАЕ (Абу Даби).

Претходно стана познато дека бразилскиот автодром „Интерлагос“ го продолжи договорот со Формула 1 до 2025 година.

0 Коментари

Остави коментари