Формула 1 разгледува опции за трка во Рио
Foto

Формула 1 разгледува опции за трка во Рио

Шефот на „Либерти Медија“ Чејс Кери го посетил Рио де Жанеиро, за да ја истражи можноста за спроведување таму на ГП на Бразил. Ова прашање е поврзано со приватизацијата на патеката „Интерлагос“ во Сао Паоло, што може да биде пречка кон продолжување на договорот. Со други зборови, сопствениците на Ф1 бараат можна резервна опција. Бразилски медиуми пишуваат дека Бразил секогаш бил и продолжува да биде еден од најголемите пазари во светот во однос на Формула 1 и навивачите на спортот. Поради оваа причина, велат медиумите, „Либерти Медија“ сигурно нема да дозволи испаѓање од календарот на тамошната трка. Според нив, проблемот, сепак, е дека договорот со „Интерлагос“ истекува по две години, па Кери сака да располага и со други опции.
Бразилското издание „Глобо“ пренесе дека веднаш по трката во Сао Паоло, Чејс Кери заминал за Рио, каде имал долга листа на средби за следниот ден. Најважната од нив била со градоначалникот на градот, Луиз Фернандо Пезао, со кој разговарале каде може да се најде траса за спроведување на старт од Ф1. Според „Глобо“, градот е многу заинтересиран за можна организација на викенд во Формула 1. Рио де Жанеиро и претходно имал патека за Формула 1 – „Жакарепагуа“. Меѓутоа, во 2008 година беше уништена за да се ослободи простор за Олимписките игри.
 

0 Коментари

Остави коментари