Формула 1: Откажана трката за Големата награда на Јапонија
Foto

Формула 1: Откажана трката за Големата награда на Јапонија

Поради тековните компликации со Ковид-19, трката за Големата награда на Јапонија на патеката Сузука се откажува.

По дискусиите со Ф1 и промоторот на настанот Сузука, Владата на земјата донесе одлука да го запре настанот од 8 до 10 октомври, втора последователна година во услови на пандемија.

Како што велат од Формула 1, има голем број на опции за пополнување на празно место во календарот, а распоредот на последната сезона се очекува да биде објавен во наредните недели.

Јапонија беше 17. трка по ред во годинашниот Ф1 календар, од вкупно 23 колку што се планираа.

0 Коментари

Остави коментари