Формула 1 објави прелиминарен календар за сезоната 2021 година со рекордни 23 трки
Foto

Формула 1 објави прелиминарен календар за сезоната 2021 година со рекордни 23 трки

Формула 1 објави дека ќе одржи 23 трки во 2021 година. Ова е највисоката бројка во историјата на шампионатот.ко што претходно беше соопштено, Виетнам ќе го загуби своето место на календарот, додека Големата награда на Бразил сè уште не е потврдена.

Оваа година беа планирани 22 етапи, меѓутоа, поради кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусите, календарот се намали на 17 Гран при.

Прелиминарен календар на сезоната-2021 година за шампионатот во Формула 1:

1. Австралија – 21 март

2. Бахреин – 28 март

3. Кина – 11 април

4. Сè уште непознат домаќин – 25 април

5. Шпанија – 9 мај

6. Монако – 23 мај

7. Азербејџан – 6 јуни

8. Канада – 13 јуни

9. Франција – 27 јуни

10. Австрија – 4 јули

11. Велика Британија – 18 јули

12. Унгарија – 1 август

13. Белгија – 29 август

14. Холандија – 5 септември

15. Италија – 12 септември

16. Русија – 26 септември

17. Сингапур – 3 октомври

18. Јапонија – 10 октомври

19. САД – 24 октомври

20. Мексико – 31 октомври

21. Бразил * – 14 ноември

22. Саудиска Арабија – 28 ноември

23. Абу Даби – 5 декември.

Големата награда на Бразил треба да се одржи во Интерлагос, но договорот сè уште не е склучен.

0 Коментари

Остави коментари