Формула 1: Ќе се вози трката во Абу Даби
Челниците на Формула 1 објавија дека трката во Абу Даби нема да биде откажана поради ситуацијата во Израел, пишува „Скај спортс“.
Иако се пишуваше дека ќе биде откажана оваа трка, сепак, британскиот медиум верува дека настанала контроверзност откако британските туристи биле предупредени да не патуваат во Обединетите Арапски Емирати поради ризик од терористички напад.
Следната трка во календарот на Формула 1 е закажана за 5 ноември, во Бразил.
До крајот на сезоната во Ф1 шампионатот, ќе се одржат уште три трки, а Холанѓанецот Макс Верстапен веќе ја одбрани титулата.