Формула 1 го продолжи договорот со „Големата награда на Австрија“
Foto

Формула 1 го продолжи договорот со „Големата награда на Австрија“

Советникот на Ред Бул, Хелмут Марко изјави дека договорот за „Големата награда на Австрија“ во Формула 1 е продолжен.

– Сè е договорено, договорот е потпишан за неколку години. Очекуваме да видиме на Големата награда на Австрија голем број на фанови на Макс Верстапен од Холандија, околу 30-40 илјади луѓе. Воодушевени сме што ќе можеме да продолжиме да бидеме домаќини на една од најголемите спортски настани во Австрија, изјави Марко за „GPBlog“.

Трката од шампионатот во Формула 1 за Големата награда на Австрија се одржува на патеката „Ред Бул Ринг“ која е во сопственост на истоимената австриска компанија.

Гран при Формула 1 се одржуваат на оваа патеката од 2014 година.

0 Коментари

Остави коментари