Владата на Австрија денеска и официјално даде одобрение дека сезоната во Формула 1 може да почне на 5. јули, на „Ред бул ринг“.
По неколкуте одложувања и откажувања на трки, овој факт беше очекуван, сепак се чекаше на формално да од австриските власти, од што зависеше влезот и движењето во земјата на сите странски субјекти.
Формула 1 уште нема потврдено како ќе изгледа барем почетокот од новиот, променет календар за сезоната 2020-та, меѓутоа Австријците сега најавија дека ќе стартува со две трки кај нив, на 5. и на 12. јули.
Логично продолжение на тоа би биле две трки во Унгарија, а за понатаму ќе се чека на ситуацијата во Велика Британија.
Британското гран-при оригинално требаше да се одржи на 29. јули, но таму се уште има преку 2.000 новозаболени од коронавирусот секој ден и на сила е вонредна состојба, така што не е исклучено на местото на „Силверстоун“ да влезе „Хокенхајм“, со Големата награда на Германија, иако таа првично не беше планирана за 2020-та.
0 Коментари