Формирање на стручна комисија која ќе треба да утврди дали имало некаков пропуст во лекувањето на 47 годишниот Зоран Ѓорчевски
Формирање на стручна комисија која ќе треба да утврди дали имало некаков пропуст во лекувањето на 47 годишниот Зоран Ѓорчевски кој според кажувањата на семејството не добивал соодветен лекарски третман во прилепската болница „Борка Талески“, побараа од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, по извршениот вонреден инспекциски надзор во болницата.
Од инспекторатот за Телевизија 24 велат дека прибрана е цела докуентација и уредно е проследена до министерството за здравство кое пак, треба да одлучи дали и кога ќе формира стручна комисија.
Државен санитарен и здравствен инспекторат
- Инспекцискиот надвор заврши и ние како инспекторат инициравме до министерството за здравство да формира стручна комисија која ќе треба да утврди дали има грешки. Ние ја прибравме цела документација и ја проследивме до министерството, сега се е во нивни раце.
Од министерството за здравство за телевизија 24 велат дека се чека на потпис од министерот Азир Алиу и се очекува деновиве комисијата да биде формирана
Министерство за здравство
- Готови се документите, треба да се потпишат од министерот, деновиве треба да биде.
И додека се чека формирањето на стручна комисија, Зоран Ѓорчевски се уште е хоспитализиран во приватна болница. Неговата сопруга за Телевизија 24 рече дека се уште е под лекарски надзор.
Дополнително, семејството на Зоран најави и дека ќе ги искористат сите правни механизми со цел вистина да излезе на виделина. Правда ќе бараат и во Стразбур.
Според сведочењето на сопругата, здравстените проблеми на Зоран почнале на 12 јули кога после третиот час од дијализата во болница, почнал да чувствува болки во стомакот. Од тој момент па се до одлуката на семејството да го префли во приватна болница, 47 годишниот прилепчанец бил упатуван од една врата до друга без соодветна медицинска нега.

