Формирани четвртфиналните двојки кај тенисерките на Австралија опен

Одредени се сите четвртфинални двојки на женскиот дел од Грен слемот во Мелбурн.

 

За влез во полуфиналето ќе се борат:

Елена Рибакина (Казахстан) – Елена Остапенко (Летонија)

Џесика Пегула (САД) – Викторија Азаренка (Белорусија)

Каролина Плишкова (Чешка) – Магда Линет (Полска)

Арина Соболенко (Белорусија) – Дона Векиќ (Хрватска).

Четвртфиналната фаза на Австралија опен 2023 почнува утре.