Формирана стручна комисија за лекувањето на 24-годишникот кој почина во Битола
Од страна на ДСЗИ поради наглото влошување на состојбата на пациентиот сметаат дека е потребно формирање на стручна комисија. Формирана е стручна комисија која ќе оди на терен и ќе го испита лекувањето на 24-годишниот пациент.
Министерот Меџити денес рече дека комисијата во најкус рок ќе се формира и стручно истражи случајот и ќе треба да утврди дали имало и какви биле недостатоците во третманот на пациентот.