Формирана стручна комисија што го утврдува предлогот на листата со лекови на товар на фондот

Донесен е новиот правилник за ставање лекови на позитивна листа, кој се базира на европските пракси во оваа област вклучувајќи ги тука и посебните договори што ќе овозможат достапност на иновативни лекови за нашите пациенти. 

Формирана е стручната комисија која го утврдува предлогот на листата на лекови на товар на Фондот за здравство осигурување, информираше денеска министерот за здравство Фатмир Меџити.