Формирана мрежа за борба против говорот на омраза во медиумите
Foto

Формирана мрежа за борба против говорот на омраза во медиумите

Со потпишување на заедничка Декларација против говорот на омраза во медиумите и интернетот формирана е Мрежата за борба против говорот на омраза во медиумите. На денешната прес-конференција, на која освен Советот за етика во медиумите на Македонија и Мисијата на ОБСЕ, како иницијатори и координатори на овој проект, свој потпис на Декларацијата против говорот на омраза во медиумите, во името на Министерството за информатичко општество и администрација, ставија министерот Дамјан Манчевски и министерот без ресор задолжен за комуникации, етичност и транспаретност, Роберт Поповски. Говорејќи за потребата од борба со говорот на омразата Извршната директорка на СЕММ, Марина Тунева, истакна дека најзначајни се заедничките обиди и делување и меѓусекторската соработка.

Тунева потсети декА во формирање на Мрежата свое учество имале новинарските здруженија, донесители на одлуки, државни и регулаторни тела, надлежни за заштита на човековите права, организации од граѓанскиот сектор и други субјекти од областа на медиумите. Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која, цени дека постои потребата од подобрување на општата ситуација со медиумите во земјата.

Претседателката на Управниот одбор на СЕММ, Катерина Синадиновска, говорејќи за важноста на формирањето на Мрежата рече дека е мошне значајно да се обедината сите алки од системот, а Мирче Адамчевски, претседател на Комисијата за жалби, инфомираше дека од 2014 до 2017 година, во медиумите биле евидентирани 49 случаи на говор на омраза, што претставува една третина од вкупно примените претставки.

Инаку, меѓу потписниците на Декларацијата, освен споменатите институции, се и Министерството за внатрешни работи, Академијата за судии и јавни обвинители, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Здружението на новинари на Македонија, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и други. Ставајќи го својот потпис на Декларацијата, Народниот правобранител, Иџет Мемети, освен што успех, посака листата на потписинци да е што подолга.

0 Коментари

Остави коментари