Формирана франкофонска новинарска секција

Денеска во Македонија се основаше Франкофонско здружение на новинарите, кое стана полноправна членка на Меѓународното франкофонско здружение. Македонското здружение со Основачко собрание  избра тричлено тело- како претседател новинарката Биљана Секуловска, новинарката Наташа Доковска како генерална секретарка и Мирјана Трпчевска како благајничка.

Мисијата и целите на Франкофонскоот здружение како невладино тело да ја чува и брани слободата на медиумите, да презема активности и акции во одбрана на слободата на принципите, слободите, интересите и правата на нејзините членови, како и да го брани и промовира францускиот јазик- преку медиумите на француски јазик во целиот свет, но и генерално на светската медиумска сцена.