Формирана е работната група за измени на Изборниот законик
Во Изборниот законик ќе бидат вградени сите оние измени во однос на моделот на изборите за коишто ќе постигнеме консензус, изјави на денешната прес-конференција министерот за правда Бојан Маричиќ, одговарајќи на новинарско прашање дали во измените ќе се најде и една изборна единица.
Тој посочи дека е формирана работната група за изборниот законик и дека сите партии номинирале свои претставници, како и поважните институции и претставници на меѓународната заедница.