Фондацијата „Трајче Мукаетов“ додели 40 нови стипендии за учебната 2023/2024

Шеснаесетта година по ред фондацијата „Трајче Мукаетов“ доделува 40 стипендии за студенти на Фармацевтскиот и на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје. 

Изборот на стипендистите за учебната 2023/2024 година е одобрен од Управниот одбор на фондацијата, по предлог-прелиминарната листа од комисиите за распределба на стипендии, составени од претставници на фондацијата, на двата факултета, како и од претставници од редовите на студентите.

Во шеснаесетте години постоење, Фондацијата „Трајче Мукаетов“ стипендирала вкупно 659 студенти по фармација и по медицина при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје и инвестирала близу 130 милиони денари по основ на стипендии и на еднократни парични награди за првенците на генерација.