Фон дер Лајен: Иднината на Западен Балкан е во Европската Унија

Иднината на Западен Балкан е во ЕУ – време е да се ослободиме од оковите на едногласноста. Ова е пораката до регионот, од Урсула фон дер Лајен, за време на годишното обраќање пред европарламентарците во Стразбург. 

Шефицата на ЕК, во својот говор „Состојбата на нацијата“ порача дека е потребно обединување Европа и процес заснован на заслуги. 

- Мора да го продолжиме темпото на овој процес базиран на заслуги. Затоа што само обединета – и обединета – Европа може да биде независна Европа. Поголема и посилна Унија е безбедносна гаранција за сите нас. И затоа што за Украина, за Молдавија, за Западен Балкан – нивната иднина е во нашата Унија. Да го направиме следното обединување на Европа да се случи, изјави Урсула фон дер Лајен претседателка на Европска Комисија.

Побара кфалификувано мнозинство, особено во надворешната политика и порача дека е време Унијата да испорача резултати. 

- И верувам дека треба да преминеме на квалификувано мнозинство во некои области, на пример во надворешната политика. Време е да се ослободиме од оковите на едногласноста. Поентата е дека треба да се осигураме дека нашата Унија е побрза и може да испорача резултати за Европејците. Затоа што вака можеме заедно да ја добиеме оваа борба. Да ги испорачаме моментите на независност на Европа, изјави фон дер Лајен.

Фон дер Лајен порача дека ЕУ треба да најде нов начин за финансирање на одбраната на Украина, користејќи замрзнати руски средства. Изјави - Ова е руска војна и Русија треба да плати.  

Зборуваше повеќе од еден час во Европараламент – се слушаа аплаузи, но и дофрлувања. Голем дел од пратениците беа облечени во црвено - во знак на поддршка со Газа, а најавата дека ЕУ ќе санкционира клучни израелски функционери предизвика аплауз и извици од целата сала. 

- Ќе ја ставиме нашата билатерална поддршка за Израел на чекање. Ќе ги запреме сите плаќања во овие области - без да влијаеме на нашата работа со израелското граѓанско општество или Јад Вашем. Второ, ќе доставиме уште два предлози до Советот. Ќе предложиме санкции за екстремистичките министри и за насилните доселеници. Исто така, ќе предложиме делумно суспендирање на Спогодбата за асоцијација за прашања поврзани со трговијата, изјави фон дер Лајен. 

Побара Унија на еднаквост и зајакнување на демократијата и владеење на правото. За договорот со САД , за кој е критикувана од дел од европратениците и за кој и се спрема иницијатива за гласање недоверба, порача  -  обезбедивме Европа да добие најдобар можен договор.