ФОЛКСВАГЕН СЕ ОТКАЖА ОД ИНВЕСТИЦИЈАТА ВО ТУРЦИЈА ПОСЛЕ ИНТЕРВЕНЦИЈАТА ВО СИРИЈА
Foto

ФОЛКСВАГЕН СЕ ОТКАЖА ОД ИНВЕСТИЦИЈАТА ВО ТУРЦИЈА ПОСЛЕ ИНТЕРВЕНЦИЈАТА ВО СИРИЈА

Инвестицијата на германскиот произведувач на автомобили „ Фолгсваген“ вредна милјарди евра која требаше да ја заживее економијата во турција откажана. Турција требаше да биде новата дестинација на германската компанија за изградба на нова фабрика во близина на турскиот град Измир, но поради воената офанзива на Турција на северот на Сирија истата е откажана соопшти денеска портпаролот на компанијата.

- „Управата на концернот ја одложи конечната одлука за новиот производен погон. Фолксваген внимателно ја следи ситуацијата и е загрижен околу развојот на настаните“. - соопшти портпаролот на германската компанија.

Причината поради откажувањето на изградбата е поради влегувањето на турски трупи во северна Сирија. Но и покрај ваквите најави на странските инвеститори и елаборацијата за повлекувањето, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера изрази непоколебливост да ја продолжи воената операција до „конечна победа“. Од друга страна пак американскиот претседател Доналд Трамп најави економски санкции против Турција, прекин на трговските преговори и воведување царини за увоз на турски челик. Трамп го повика турскиот претседател да ја прекине инвазијата на Сирија и да прогласи моментално прекинување на огнот, изјави потпретседателот на САД Мајк Пенс.

- „Соединетите Држави сакаат Турција да ја прекине инвазијата, да спроведе примирје и да започне преговори со курдските сили во Сирија со цел да се заврши насилството“, - изјавил потпреседателот на САД, Мајк Пенс.

Со градењето на фабриката требало да се почне во 2020 година, а да биде завршено во 2022 година. Планирано било произведување на моделите Пасат и Шкода со мотори на согорување. Досегашните производни капацитети за овие модели во Емден и Квасињи би требало да преминат кон производство на електрични модели.

За стопираната инвестиција биле предвидени 1,5 милијарда евра. Со инвестицијата беа најавени и околу 4.000 работни места.

0 Коментари

Остави коментари