Флорида го освои Стенли купот

Хокеарите на Флорида ноќеска на домашен терен го победија Едмонтон во шестиот натпревар од финалето на Стенли купот со 5:1. „Пантерите“ ја добија серијата со 4:2 и го освоија вредниот трофеј.

Најефикасен играч на натпреварот беше Сем Рајнхарт со четири гола, 

Флорида вторпат по ред го освои Стенли купот.

Едмонтон ја продолжи црната серија на канадските тимови во НХЛ цели 32 години не успеаваат да дојдат до Стенли купот.

Последен пат, Монтреал во 1992 година успеа да биде шампион на најсилната хокеарска лига на светот. Оттогаш, клубовите од Канада стигнаа до финалето на Купот Стенли седум пати, но секој пат губеа. Едмонтон загуби во финалето втора сезона по ред - во 2024 година, серијата со Флорида заврши со резултат 3:4.