Фитнес клубовите затворени, ТВ 24 со тренерски совети како да останете во форма
Foto

Фитнес клубовите затворени, ТВ 24 со тренерски совети како да останете во форма

Светската пандемија предизвикана од коронавирусот го промени секојдневието низ целиот свет, повеќе ништо не е исто. Улиците се празни. Долгоочекуваните викенди, сега се денови со продолжен полициски час. Физичката дистанца и забраната за групирања ги стопираше и спортските активности.

Речиси еден цел месец сите вљубеници во спортските активности и здравиот начин на живот, бараат алтернативни начини како да ја задржат својата кондиција.

Петар не може без физичка активност, поради ново настанатата состојба тој повеќе не може да ја посетува теретаната и базенот каде што бил секојдневно, сега вежба сам, ретко на кеј а најчесто дома. 

Долгото седење дома пред телевизорот или компјутер може да резултира со болки во грбот, долколку веќе не сте започнале можеби е време да му дадете простор на тренингот од дома.

0 Коментари

Остави коментари