Фити: За цените на прехранбените производи да се делува со индиректни мерки
Новиот воен конфликти на Блискиот Исток меѓу Иран и Израел – нова закана за глобалната економија , и за макеоднската . Академик Таки Фити порачува – ова е ризично опкружување кое ќе има директно влијание врз цените на нафтата, на храната , на синџирите за снабдување, енергијата а сето тоа значи и нова опасност за инфалцијата .
На воениот конфликт помеѓу Иран и Израел веќе реагираа, светки берзи од час во час се менуваат, додека пак доларот е во најголем пад во последните три години, а се очекува и голем раст на цените на нафтените деривати. На домашниот пазар - по неколку месечно забавување – инфлацијата повтроно мајски се зголеми . Академик фити смета дека влчдата треба да делува со индиректни а не диркетни емрки .
,,Основно е да се контролира ситуацијата со индиректни мерки. Ние ја имаме Комисијата за заштита на конкуренцијата и таа треба да си ја врши својата работа. Во екот на кризата, Комисијата рече: „ние не постапуваме ако немаме допрен глас“. Не може така. Комисијата има компетенции да постапува, да спречува монополистичко однесување, да спречува доминанта позиција на определени фирми, да казнува директно за тоа. Таа е една од клучните институции која е задолжена за одржување на нивото на конкуренција и на конкурентниот притисок во економијата, но и на слободата на пазарот и претприемништвото“ нагласи Фити'
Инаку, во Мај годинава во однос на истиот месец минатата година, инфлацијата изнесува 3,3%, додека во првите пет месеци годинава во однос на истиот период лани 3,7отсто, што укажува на тоа дека инфлацијата во Земјава повторно се зголемува, а само кај храната и безалкохолните пијалаци, во Мај во однос на Април изнесува 4.1 отсто.
Во меѓувреме, се очекува на владина седница да помине извштајот на државниот пазарен инспекторат, кој треба да содржи податоци од направените инспекциски надзори во измениот период, додека пак ресорниот министер за економија Дурмиши најави дека не се исклучени нови мерки со кои ќе се интервенира во цените на основните прехранбени производи.