Фишер постави светски рекорд на 3.000 метри во сала
Американскиот атлетичар Грант Фишер постави нов светски рекорд на трката на 3.000 метри во сала.
Дваесет и седумгодишниот Фишер ноќеска на 117. Игри на Милроуз, патеката од 3К ја истрча за 7 минути и 22,91 секунди. Тој го собори светскиот рекорд поставен во февруари 2023 година од Ламече Гирме од Етиопија (7.23.81).
Уште еден Американец, Кол Хокер, исто така го подобри претходниот рекорд, освојувајќи го второто место во конкуренцијата – 7 минути 23,14 секунди.