Фирмата „МГ Фешн“ и МПЦ ја купија атрактивната локација спроти ГТЦ
Foto

Фирмата „МГ Фешн“ и МПЦ ја купија атрактивната локација спроти ГТЦ

Државниот дел од земјиштето на паркингот спроти ГТЦ – го купиле две домашни компании за сума од 2,9 милиони евра. Државата продала парцела од 9 илјади метри квадратни по цена од 312 евра. Купувачи се фирмите М.Г Фешн и ТДГ Обновители. М.Г Фешн е во сопственост на Тања и Зоран Антиќ, а додека фирмата Обновители е во сопственост на МПЦ и Зоран Антиќ. Продажбата е направена пред еден месец а сумата е веќе уплатена на сметака Буџетот на државата. Станува збор за атрактивна локација во центарот на градот, која дел била во државна, а дел со денационализација била вратена на приватни сопственици. Тие – откако им било вратено земјиштето истото го продале на приватен инвеститор. Откупувајќи ги приватните парцели – инветситорот, се стекнал со повеќе од 30 отсто од урбанистичката парцела, односно со 4.605 метри квардатни па според законите со доофорумување на парцелата го докупил и државното земјите од 9000 метри квадратни за што е склучен договор во непосредна спогодба.

„Согласно Законот за градежно земјиште – градежено земјиште сопственост на Република Македонија се отуѓува со непосредна спогодба за оформување на градежна парцела предвидна со урбанистички план или урбанистичка планска документација доколку лицето има во сопственост повеќе од 30 отсто од градежната парцела“ - велат од Министерство за транспорт и врски.

Дополнително од транспорт и врски појаснуваат дека откако законските услови биле исполнети, испочитувани сите процедури а било обезбедено и позитивно мислење од Државното правобранителство – по уплатата на парите бил склучен и договорот и направена негова солемнизација. Од ресорното министерство посочуваат дека на локацијата предвидено е да се градат А2 станбени згради, но и комерцијални објекти. Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ за телевизија 24 вели дека на сопственикот на парцелата, кој практично покажал дека има повеќе од 30 отсто од урбанистичката парцела му ги дале податоците од деталниот урбанистички план, според кој таму е предвидено да се градат 60 - катници, но Богдановиќ посочува дека, во општината има мораториум, и дека тој план ќе се ревидира, во следните два месеци очекува дека ќе има поконкретна информација. Ќе има и јавна анкета да се слушне мислењето на граѓаните, но Богдановиќ не очекува дека таму ќе се градат 60 катници како што сега е предвидено.

0 Коментари

Остави коментари