Фирмата „I vote“ единствен економски оператор кој се јавил на тендер да ја изработи изборната апликација на ДИК
Foto

Фирмата „I vote“ единствен економски оператор кој се јавил на тендер да ја изработи изборната апликација на ДИК

Договорите помеѓу ДИК и фирмата „I vote“ се уште не се потпишани, но Даштевски тврди дека роковите ќе бидат испочитувани но и дека безбедноста од хакерски напади е загарантирана. За ангажманот фирмата „I vote“ ќе добие нешто над шеесет илјади евра. 

Фирмата „I vote“ и лани учествувала на тендерската постапка но не го добила тендерот оти била во конкуренција со фирмата „Дуна“која пак го добила тендерот и била задолжена за софтверот преку кој требаше да се се објавуваат резултатите од предвремените парламентарни избори во 2020 година.  

Резултати од превремените парламентарни избори таа вечер сепак не можеше да се видат бидејќи падна сајтот на ДИК со што веднаш се отвори прашањето за веродостојноста и легитимноста на изборните резултати, а фирмата „Дуна“ беше потпишана дека го одржува сајтот.

За овој случај Обвинителството за организиран криминал и корупција поднесе Обвинителен акт против поранешниот претседател на Државната изборна комисија, тројца вработени во ДИК и еден управител на економски оператор.

Обвинетите се товарат дека кривичното дело „злоупотреба на  службена положба и овластување“ од член 353 став 5 од Кривичниот законик го сториле при две јавни набавки со што го оштетиле Буџетот на Република Северна Македонија за 1 312 409,00 денари.

0 Коментари

Остави коментари