Финскиот политичар од десниот центар Александар Стуб победи на вчерашните претседателски избори во Финска, откако освои 51,6 отсто од гласовите.
Финскиот политичар од десниот центар Александар Стуб победи на вчерашните претседателски избори во Финска, откако освои 51,6 отсто од гласовите.
Неговиот ривал од Партијата на зелените, Пека Хависто, освои 48,4 отсто од гласовите во вториот круг од претседателските избори што се одржа вчера.
Стуб претходно беше потпретседател на Европската инвестициска банка и директор на Европскиот универзитетски институт во Италија, а себеси се опишува како „умерен“ политичар.
Пред изборите тој најави дека, доколку биде избран за претседател, ќе води политика на „безгранична поддршка“ за Украина, додека неговите најблиски соработници го опишуваат како проевропски политичар кој се залага за „поевропско НАТО“ и како конзервативец кога станува збор за фискалната политика.