Финска влегува во НАТО, Путин се закани - ќе има последици
Foto

Финска влегува во НАТО, Путин се закани - ќе има последици

Руската војска се повлекува од Харков. Откако не успеаа да го заземе Киев, официјална Москва се чини дека доживеа неуспех и во битката за освојување на вторито по големина град во Украина.

Првиот човек на Харков, градот кој претрпе сериозни оштетувања во досегашниот дел од инвазијата, вели дека руската армија, и покрај седумдесет дневните напади, успеала да освои само мал дел од клучниот североисточен град.

„Русите постојано го гранатираа Харков бидејќи беа многу блиску до градот. Напорите на територијалната одбрана и украинските вооружени сили успеаа и сега Русите се повлекоа во правец на границата. Сега е мирно и луѓето постепено се враќаат во градот. Нема гранатирање во последните пет дена. Обезбедуваме снабдување со вода, гас и електрична енергија за сите граѓани. Меѓутоа, за жал, многу станбени згради се уништени или оштетени.“ - изјави Ихор Терехов градоначалник на Харков.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пак вели дека во тек се сериозни преговори со  преставници на Русија за спасување на ранетите војници кои се заглавени во фабриката Азовстал во Мариупол. И покрај најавите на Москва дека ќе прекине со напади, фабриката за челик е постојано ракетирана.

„Во моментов се водат преговори за следната фаза од мисијата за евакуација на тешко повредените. Станува збор за голем број луѓе. Се разбира, правиме се што можеме за да го евакуираме секој од нашите бранители.“ - изјави Володимир Зеленски претседател на Украина.

Заменик командантот на одредот Азов, чии што припшадници со недели се заглавени во фабриката, неодамна порача дека војниците кои се под негова команда ќе продолжат да се борат.

Министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО во следните два дена во берлин ќе ја договараат долгорочната стратегија за русија и можниот влез на Финска и Шведска во Алијансата. Финскиот државен врв веќе порача дека земјата мора да поднесе барање за членство во НАТО без одложување.

Финските медиуми тврдат дека претседателот на државата, веќе му ја соопштил одлуката за влез во НАТО и на рускиот претседал, Владимир Путин..

Сличен став имаа ишведската владеачка социјал-демократска партија која утре треба да одлучи дали земјата ќе се откаже од децениското противење на членството во Алијансата. Руски претставници пак велат дека проширувањето на НАТО на Балтикот ќе се смета за непријателски гест и ќе претставува дополнителна закана за безбедноста на државата.

0 Коментари

Остави коментари