Финска порано од планираното ќе почне со олабавување на рестрикциите воведени поради Ковид
Финска ќе почне постепено да ги ублажува ограничувањата наметнати поради Ковид-19 веќе на 1 февруари наместо во средината на февруари, како што беше првично планирано, во услови на забележано растоварување на болничкиот систем, соопшти синоќа Владата.
Таа појасни дека владата одлучила да започне со претпазливост со ублажување на ограничувањата, со тоа што работното време на рестораните наместо до 18 часот сега е продолжено до 21 часот.
Исто така, се препорачува локалните власти да дозволат отворање на културни и спортски центри како што се спортски сали, базени и театри од почетокот на февруари.
Финска останува меѓу најмалку погодените земји во светот од пандемијата. Според здравствените власти во земјата, досега во Финска се регистрирани 470.665 случаи на Ковид-19, со население од 5,5 милиони и 1.919 смртни случаи.