Финска официјално аплицира за членство во НАТО
Финска и официјално потврди дека ќе поднесе барање за членство во НАТО.. Земјата, која со децении оддржуваше политика на неутрталност и одбиваше да се приклучи на алијасната, нагло го промени ставот откако пред 2.5 месеци, Русија ја нападна Украина...На потег сега е финскиот парламент, кој треба да го одобри барањето..
Саули Нинисто - претседател на финска - „Денеска, претседателот на републиката и владиниот комитет за надворешна политика постигнаа договор дека Финска треба да поднесе барање за членство во НАТО. Многу работи се случија од 24-ти фебруари. Ова е историски ден и сега почнува една нова ера.“
На иста линија со Финска е и шведската влада, кој најави дека во следните денови ќе поднесе барање за приклучување кон алијансата...Но на аспирациите на двете земји, засега се противи Турција..Официјална Анкара и замерува на Шведска поради поддршката која скандинавската земја ја дава на сирискиот огранок на Курдската работничка партија ...И денешната средба на шефовиет на дипломатиите на трите земји, не донесе напредок..
Ан Линде – министер за надворешни работи на Шведска - „Имаме различни ставови, но јасно ставивме до знаење дека Курдската работничка партија е терористичка организација. Како и многу други сојузници на НАТО, ние исто така преговараме со други курдски организации. Ттурските претставници сметаат дека сите Курди во североисточна Сирија припаѓаат на една организација. Ние не мислиме така, САД не мислат така.“
Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган неодамна изјави дека не е распоиложен за проширување со Шведска и Финска, нарекувајќи ги двете земји, „гостинска куќа за терористички организации“ ...Турскиот министер зља надворешни работи пак вели дека жителите на Турција не се согласуваат со приемот на Финска и на Шведска во НАТО ..
Мехмет Чавушоглу – министер за надворешни работи на Турција - „Мнозинството од граѓаните на Турција се против членството на тие две земји бидејќи тие ја поддржуваат Курдската работничка партија, која е терористичка организација. Барат од нас да го блокираме нивното членство. Ова се прашања за кои мораме да разговараме.“
А во Берлин продолжува неформалниот состанок на шефовите на диполоматиите на земјите членки на НАТО...Фокусот е ставен на руската инвазија врз Украина а се разговара и за проширувањето на Алијансата ...
Бујар Османи – министер за надворешни работи на Македонија - „Северна Македонија, како најнова членка на НАТО, силно ја поддржува политиката на отворени врати, а со тоа и аспирацијата на Шведска и Финска за членство во Алијансата што претставува важен чекор за севкупната евроатлантска безбедност.“
Османи очекува сојузниците во НАТО да покажат единство со оглед на променливата безбедносна состојба која во моментов владее во Европа..