Финска нов светски шампион во хокеј
Foto

Финска нов светски шампион во хокеј

Репрезентацијата на Финска е светски шампион во хокеј, откако вечерва во финалето на Мундијалот ја победи Канада со 3:1.

На дуелот одигран во Братислава пред околу 10 илјади гледачи, Финска потврди дека не беше случајна победата над Русија во полуфиналето и заслужено стигна до трофејот.

Марко Антила постигна два гола, Хари Песонен еднаш ј азатресе мрежата на Канада, голот за поразената селекција е дело на Ши Теодор.

Ова е трета титула светски шампион за Финска. Претходно Мундијалот го освои во 2011 истро така на планетарниот собир во Словачка.

Бронзениот медал го освои Русија по победата на пенали над Чешка со 3:2. 

 

 

 

 

 

0 Коментари

Остави коментари