Финиширатат подготовките за земјоделскиот попис

Вработени од Државниот завод за статиска деновиве ги посетуваат домакинствата од струмичко Дабиле кои се занимаваат со земјоделство и се носители на земјоделски стопанства.

Го реализираат пробниот земјоделски попис со кои ја тестираат апликацијата и методологијата за попишување на инфивидуалните земјоделци но и фирми кои се занимаваат со земјоделство. 

Попишувачите  поставуваат повеќе прашања до лицата кои се носители на земјдоелско стопаство и имаат идентификационен број од Министерството за земјоделство. Прашањата се однесуваат за аграраот колку површини обработуваат, со кои реколти ги садат, дали ги наводнвуаат, поседуваат ли механизација, добиток.

Земјдоелски попис е неопходен за градење соодветни стратегии и земјоделски политики. Професорот Душан Спасов одамна сугерираше дека треба да се има јасна слика кои лица се заниамваат со земјдоелство и со што за да државата креира стратегија.

Последнито земјоделски попис во земјава се реализираше 2007 та година. Тогаш во земјава имало 476 илјади лица кои работат во индивидуални земјоделски стопанства или пак во фирми што се занимават со ова дејност.