Финишираат кандидатурите за градоначалници: Јакимовски кандидат за Карпош
Трката за градоначалничките функции влегува во завршна фаза. Партиите веќе ги заокружуваат листите со кои личности ќе го трчаат изборниот круг на 19 октомври. Актуелниот градоначалник на општина Карпош, Стевче Јакимовски, повторно ќе се бори за градоначалничка фотеља. Денеска официјално ја објави кандидатурата за уште еден мандат во Карпош.
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ги објави преостанатите имиња на кандидатите за градоначалници. Во Кочани ќе го поддржат натпартискиот кандидат.
Опозициската СДСМ веќе објави најголем дел од имињата за градоначалници , но останува Филипче да пресече за Кичево, Струга , и Кочани.
Во албанскиот политички блок, најголемата битка се очекува во Чаир, Тетово и Струга . Во Чаир, европскиот фронт го кандидира Бујар Османи, кој веќе почна директни средби со граѓаните . Негов противкандидат е заменик-премиерот Изет Меџити од ВЛЕН, кој промовира проекти во истите населби. Во Тетово, ВРЕДИ ја поддржи повторната кандидатура на актуелниот градоначалник Билал Касами., Наспороти Бајарам Рамадани . Во струга ќе се соочат лекарот Арсим Далипи и бизнсименот Менди Ќира. Мицкоски во Куманово и Центар ќе го поддржои ЗНАМ.
ВМРО-ДПМНЕ, за првпат, нема да кандидира свои кандидати во општините со мнозинско албанско население, туку ќе ги поддржи коалиционите партнери, од СДСМ пак велат дека евентуелен пазар ќе се прави во вториот круг .

