Финансиска полиција: Над 411 илјади евра проневерни во Националната агенција за европско образование
Foto

Финансиска полиција: Над 411 илјади евра проневерни во Националната агенција за европско образование

Над 411 илјади евра се проценети како штета која ја направила  директорката на Националната Агенција Лидија Димова и нејзини соработници. Финансиската полиција ги стокми кривичните пријави до обвинителството.

Опфатен е и сопственикот на фризерницата Зоран Златковски, еден надворешен советник и  благајникот во Агенцијата. Причиниле штета од големи размери на средства доверени од Европската заедница, велат од Финансиската полиција.

Телоп- Финансиска полиција- Се товарат за кривични дела„злоупотреба на службената положба и овластување“, „измама на штета на средства на европската заедница“, „соизвршителство“ и „несовесно работење“. 

Паралелно барањето за нејзино разрешување  денеска е стокмено на Илинденска бр.2 и испратено до членовите на Управниот одбор. 

Но тие  не можат да ја разрешат Лидија Димова од директорската функција во НА само поради препораката на Владата дека го прекршила Етичкиот кодекс. Тоа не може да биде единствен аргумент за носење одлука, вели претседателката на одборот Сања Манасијевиќ Манчева и најави дека чекаат  ревизија од финансиското работење во институцијата, бидејќи законот за НА не предвидува разрешување од функција поради неетичко однесување. 

Телоп Сања Манасијевиќ Манчева- Ги разгледуваме сите законски можности. Формално правно го добивме заклучокот од Владата и сега ќе анализираме за да донесеме одлука. Чекаме одредени наоди за финансиско работење од некои институции. 

Петтемина членови на Управниот одбор кои се именувани од Владата ќе се состанат следната недела и се очекува да се комплетира целото досие за Лидија Димова. Законски(член 17 од Закон за НА) Димова може да биде разрешена ако сама побара, ако е корисник на некоја од програмите и доколку ревизијата утврди сериозни неправилности во финансиското работење.

Фотелјата на Димова се тресе по аферата Фризерница и информациите за сомнително трошење на европски пари за образование. Во едниот случај  270 илјади евра се одобрени за ВЕЗ Трејд на Златковски, за проекти од образование.  Во другиот, според информации на ТВ24 15 илјади евра се сомнително потрошени на патувања, зад кои стои потписот на Димова. Случајот го следи и Европската комисија.

0 Коментари

Остави коментари