Филмски грабеж во центарот на Гостивар

Филмски грабеж вечерва се случувал во Гостивар и тоа во центарот на Гостивар во близина на црквата. Како што пишуваат повеќе медиуми ограбена е златара од страна на неколку вооружени лица со автоматско оружје, калашников.

Вo видеото кое го сподели медиумот „ПаЦензуре“ се гледа моментот на грабежот на златара.

Разбојниците наводно фрлиле бодликави жици на неколку локации во центарот на Гостивар со цел да ја спречат полицијата да ги следи понатаму. Засега нема информации за повредени, ниту пак се слушаат истрели во видеото.