Филмски фестивали во Струмица и Дојран

Со проекција на краткиот игран филм „Северен пол“ од Марија Апчевска вечерва во Струмица започнува 17-тото издание на Меѓународниот филмски фестивал „Астер фест“ под мотото „Светлините на Астер“.

Во наредните пет дена ќе бидат прикажани вкупно 20 филма од кои 18 во официјалната програма кои конкурираатза „Златната потковица“, а ќе бидат доделени награди и за најдобар автор и сценарио. 

Во Дојран пак стартува првото издание на филмскиот фестивал „Преку езерото“ посветен на филмови и автори од Медитеранот. Таму ќе бидат прикажани девет кратки филма кои ќе бидат во официјална конкуренција, како и 3 долгометражни филма.