Филмот „Се во исто време“ со голем триумф на Оскарите

Годинава по 95ти пат беа доделени филмските награди Оскар. Доделувањето на Оскарите се одржи во театарот „Долби“ во Холивуд. Годинава изостана фамозниот црвен тепих, како еден новитет во церемонијата. Сите очи беа свртени кон изборот на тоалети за церемонијата на актерките.

Џими Кембел повторно ги водеше оскарите и во воведниот говор, се осврна на минатогодишниот скандал со Вил Смит и Крис Рок и откри дека годинава Академијата формирала кризен тим кој би се справил доколку повторно се случи истата ситуација. На сцената беше поддржан од актерите од индискиот филм „РРР“. Џејми се појави на сцената со магарето Џејми, ѕвездата на филмот „Духови на островот“.

Церемонијата започна со доделувањето на наградите за најдобар анимиран филм, а Оскарот го доби Гилиермо дел Торо за филмот „Пинокио“. Веднаш по ова следуваа категориите најдобра машка и женска улога. Оскарот за машка споредна улога го доби Ки Хуан Кван за улогата во „Се наеднаш“, актер добро познат осумдесетите години како дете ѕвезда на филмовите „Индијана Џонс и „Гуниси“. Во женската категорија наградата отиде кај Џејми ли Кертис за „Се одеднаш“.

Оскарот за најдобар документарен филм го доби документарецот „Навални“, за најдобар краток игран филм беше прогласен „Ирско збогување“. За најдобра шминка и фризура, Оскарот го доби филмот „Кит“. За најдобар директор на фотографија е прогласен Џејмс Френд за воениот филм „На запад ништо ново“.

Иако беше најавено дека Лејди Гага нема да присуствува на Оскарите, сепак во последен момент таа најави дека сепак ќе присуствува за да ја изведе песната „Држи ме за рака“ од филмот „Топ Ган: Маверик“. Иако на тепихот се појави во нејзин стил, на сцената во Долби, таа песната ја изведе без шминка и гламурозниот фустан. Сепак, настапот на Ријана беше најочекуван особено по феноменалниот настан на Супербол каде откри дека е бремена по втор пат и стана првата изведувачка што настапила на двете најгледани манифестации во блажена состојба.

Во категоријата најдобра костимографија, Оскарот го доби филмот „Црниот пантер: Ваканда засекогаш“.

За најдобар странски филм, Оскарот го доби германскиот филм „На Запад ништо ново“, Оскарот за најдобар краток документарен филм го доби „Шепкачот на слонови“, за најдобар краток анимиран филм наградата ја доби „Момчето, крстот, лисицата и коњот“. За најдобра продукција и дизајн, Оскарот го доби филмот „На Запад ништо ново“.

За огигинална филмска музика Оскарот замина кај филмот „На Запад Ништо ново“, иако неизвесно беше дали Џон Вилијамс ќе го добие Оскарот. Тој со вкупно 53 номинации за „Оскар“, има повеќе номинации од кој било друг жив филмски уметник. Рекордот по освоени номинации со децении го држи ненадминатиот Волт Дизни со 59 номинации. Вилијамс доби номинација за музиката за филмот на Стивен Спилберг „Фејбелменови“ и со 91 година, тој е најстарата личност номинирана за „Оскар“, а доколку ја добиеше шеста статуетка, холивудскиот маестро ќе станеше и најстар победник во натпреварувачка категорија и ќе го срушеше рекордот на сценаристот Џејмс Ајвори кој го доби Оскарот на 89-годишна возраст.

Најдобрите визуелни ефекти имаше филмот „Аватар: Патот на водата“. 

Веднаш потоа следуваше настапот на Ријана со песната „Крени ме“ од филмот „Црниот пантер: Ваканда засекогаш“, во спомен на прерано починатиот актер Чадвик Бозман која ја толкуваше главната улога. Ријана која беше поздравена со гломогласен аплауз од публиката.

Во категоријата најдобро адаптирано сценарио наградата ја доби „Жените зборуваат“, а за оригинално сценарио „Се во исто време“. Најдобар звук имаше филмот „Топ ган: Маверик“. Оскарот за најдобра песна го освои песната „Нату нату“ од филмот „РРР“, а нејзиниот автор преку песна се заблагодари на Академијата.

Како и секоја година, традиционално Академијата им одаде почит на филмските работници кои заминаа минатата година, а меѓу кои беа големи филмски имиња како Џина Лолобриџида, Ракел Велч, Анџела Ланзбери, Кристи Ели, Ен Хече, Том Сизмур, Џемс Кан, Реј Лиота, Вангелис, Жан Луј Трињан. Делот познат како „In memoriam“ го претстави Џон Траволта а музички го долови музиката на Лени Кравиц.

Најдобра монтажа имаше филмот „Се во исто време“. Најголемата возбуда беше пред доделувањето на Оскарите во главните категории. Даниел Кван и Даниел Шеинерт го добија Осакрот за најдобра режија за филмот „Се во исто време“ и по втор пат се качија на сцената по Оскарот за најдобро оригинално сценарио.

За најдобар актер во главна улога Оскарот заслужено го доби Брендон Фрејзер за трогателната улога во филмот „Кит“, а Оскарот за најдобра актерка во главна улога го доби Мишел Јео за улогата во филмот „Се во исто време“, со што стана првата азиска актерка која добила Оскар.

Харисон Форд ја претстави последната категорија Оскар за најдобар филм. За најдобар филмско остварување во изминатат година Оскарот го доби филмот „Се во исто време“. Даниел Кван и Даниел Шеинерт како продуценти, сценаристи и режисери на филмот, добија три Оскари. Филмот освои вкупно седум Оскари, а „На Запад ништо ново“ освои четири статуетки.

Беа презентирани и Оскарите кои се доделуваат еден месец претходно за технолошки достигнувања во филмската индустрија.

Oние номинирани кои нема да добијат статуетка ќе си одат дома со полни раце, бидејќи за сите е подготвен луксузен пакет „утешни награди“. Компанијата „Дистинктив сетс“ на секого од номинираните годинава ќе им даде цел список подароци во вредност од 126.000 долари.