Филков во СТУДИО 10: За корупција се потребни двајца - од едната страна се јавните институции, од другата приватните фирми

Не само од јавните набавки, туку и од сивата економија има огромни пари кои се одлеваат во приватни џебови. Ако во светски рамки се смета дека 30 отсто од јавните набавки се предмет на корупција пресметајте колку е тоа од 1,2 милијарди евра со кои располага државата, вели Герман Филков од Центарот за граѓански комуникации во СТУДИО 10 на ТВ24.

Тој појаснува дека не се само тие 200 милиони евра од јавните набавки проблем за економската состојба на земјата, тука се и оние 30 отсто од БДП кои спаѓаат во сива економија.

-Парите што ќе се земат од сивата економија може да се искористат за купување на социјалниот мир, заклучува Филков.

Кај нас корупцијата е видлива. Но за корупција се потребни двајца - од едната страна се јавните институции, но од другата страна се приватните фирми.

- Не гледам сериозен чекор од приватните фирми да прогласат дека нема да учествуваат во корупција. А критична маса за тоа има. Истражување на СЕЛДИ покажа дека сега за првпат корупцијата е број еден од проблемите со кои се соочуваат граѓаните. Порано проблем број еден беа други теми. Штом се такви резултатите, сега треба да се лекува проблемот со корупцијата, вели Филков.

Договарањето на фирмите пред јавните набавки исто така е корупција. Фирмите се договараат кој на кој тендер ќе се појави, потоа регионално договарање за усчество на тендери, како и за минималната цена на тендерските наддавања.

Ако некој проблем не се препознае тој не може да се лекува, но том сега корупцијата е препознаена како проблем нема пречки тоа да не се реши објаснува Герман Филков од Центарот за граѓански комуникации во СТУДИО 10 на ТВ24.

Тој додава дека сите проблеми во јавниот живот како урбанистичките планови, загадувањето, автопатитата што се градат кој знае колку време, т.е. сите недостатоци на тие јавни услуги ако се истражат мое да доведат до случаи на корупција. Филков го посочува и здравството како место на корупција.