Филков во СТУДИО 10: Корупцијата кај нас е многу исплатлива дејност
Секоја втора фирма која учествува во тендерите вели дека има корупција покажува извештајот на Центарот за граѓанки комуникации што се базира врз истражување од последните шест месеци.
- Оваа бројка е малку полоша од лани бидејќи овие анкети ги правиме секоја година. Дури 51 отсто од фирмите велат дека има корупција и ја дефинираат како „врски“ - партиски, семејни, пријателски. Има некои хронични проблеми кои се провлекуваат, но има и некои нови, вели Герман Филков од Центарот за граѓански комуникации во СТУДИО 10 на ТВ24.
Корупцијата не е нешто што може целосно да се искорени, особено то без врски не мое ништо да се направи.
- Има два вида решенија за корупцијата. Првиот е превенција на корупцијата, а вториот е репресијата. За превенцијата се прави нто, но за репресијата тоа не мое да се каже. Ретко се случува некој да биде изложен во јавноста поради корупција, а и да има судски постапки казните се мали и не соодветствуваат на стореното дело. Сметам дека за ефикасна борба против корупцијата во јавните набавки, за кои има над милијарда годишно, истраните органи и судството треба да го преземат својот дел од борбата, вели Филков.
Тој додава дека институциите наместо да соработуваат тие се расправаат меѓу себе. Изолирани институции не моат да постигнат ништо, заклучува Филков.
Корупцијата кај нас е многу исплатлива дејност, коментира Филков, а причината за тоа ја гледа во тоа што ризикот од санција е многу мал.
- Не се сите тендери наместени. Ние во нашиот мониторинг одбираме примерок од 60 тендери по случаен избор. Потоа ги следиме до завршување на тендерот со потпишување на договорите. Ретко кога нема проблеми. Некои од тие проблеми се случајни грешки, но некои се намерни, вели Филков за СТУДИО 10 на ТВ24.