Филков во СТУДИО 10: Да не беше кавгата, немаше да знаеме дека Скопје позајмува 163 милиони евра за пречистителна станица
За последниот случај на судирот меѓу градоначалничката Данела Арсовска и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ околу пречистителната станица, финансиран со позајмица од ЕЦБ Герман Филков од Центарот за граѓански комуникации во СТУДИО 10 на ТВ24. вели дека дознавме дека постои таков проект откако изби скандалот.
- Јас не бев упатен што тоа ќе се прави за 163 милиони, но ете можеби е добро што изби скандал па во иднина за овој проект ќе се обрне внимание да нема корупција. Оти тука станува збор за позајмица која граѓаните треба да ја вратат, вели Филков.
Тоа што луѓето повеќе се осврнуваат на кавгата отколку на самата набавка која чини многу пари е затоа што кавгата им е многу поблиска на граѓаните, објаснува Филков и додава дека за граѓаните е непоимлива сумата од многу милиони евра и тој факт бргу се заборава.
- Секој од нас разбира колку чини вечера од ресторан и блиска му е вредноста од 25.000 денари. Од друга страна објавувањето на таква вест е селективна примена на алатката за отчетност, коментира Филков за тоа зошто и медиумите се занимаваат со мали работи заборавајќи ги големите суми.
Борбата против корупцијата е долготраен и мачен процес, заклучува Филков и додава дека таа борба бара креативни луѓе кои однапред ќе се досетат каде може да се отвори простор за коруптивни дејности.