Филков: Правиме напори пет од реформските законски побрзо да влезат во собраниска процедура

Министерството за правда ја заврши својата работа скорени се законите од реформската агенда, сега се на потег пратениците. За првата група рокот е до јуни. Министерството за правда прави напори најдоцна до 23ти месецов да влезат во собраниска процедура првиот пакет.

Се работи за осум закони: за Судски совет, судска и јавнообвинителка  служба, изборниот законик како и законите за плата на судско обвинителската фела.

Министерот за правда Филков појасни дека за три закони од реформската агенда е потребно Бадентерово мнозинство. Што се однесува за изборниот законик внесени се препораките од ОДИХР, за воведување пак на само една изборна единица Филков очекува да биде изгласана пред локалните избори, но   .

Додека пак вториот пакет од пет закони кој што има рок до крајот на годината, текстот за Законот за кривична постапка е подготвен од страна на работната група и се изработени коресподентни табли.

Други закони на кои работи Министерството е и Законот за судови, кој се носи со 2/3 мнозинство, и за кој е формирана работна група која работи на законско решение. Законот за прекршоци, како дел од проектот „Безбеден град“, е објавен на ЕНЕР и во тек е усогласување на текстот. Законот за пробација е подготвен и е во финална фаза пред објава на ЕНЕР, а подготвен е и текстот на Законот за помилување, информираше министерот Филков.

Спроведувањето на Реформската агенда од Планот за раст треба да резултира со опипливи придобивки за граѓаните, забрзување на интеграцијата на земјата во ЕУ и дополнителни ресурси во буџетот на земјата за поддршка на потребните реформи.