Филков: Граѓаните велат - корупцијата е најголемиот проблем во земјава

„Има скок на перцепцијата на корупцијата во земјава, но да не се залажуваме, корупцијата е многу присутна во многу нивоа. Мора да се истакне новото однесување и мерките во Државниот завод за ревизија, и тие алармираат за успешност за најфрагилните процеси во земјава (ископ на песо од речни корита, за загадување на воздух, за ковид набавки). Транспарентноста во земјава расте, секојдневно слушаме за тековни судски процеси на високи функционери. Сепак има извештаи за злоупотреби од најниско до највисоко ниво. Во судските процеси нема големи финализирања. Македонија е се уште со 39 поени од можни 100 на таа скала. На арно лесно се прилагодуваат, на лошо малку потешко. Правевме регионално истражување, првпат годинава корупцијата е број 1, граѓаните претходно велеа дека економијата, цените или сл се најголемиот проблем, сега граѓаните велат дека корупцијата е најголем проблем. 63% од испитувањето граѓаните велат дека не ја прифаќаат корупцијата. 33% велат биле изложени на корупција и 33% велат дека учествувале во корупција, 27% од нив, под притисок“ - вели Герман Филков, Центар за граѓански комуникации во Студио 10 на ТВ24.