Филков: Ефикасниот правосуден систем е клучен фактор за владеењето на правото
Ефикасниот правосуден систем има клучна улога во владеењето на правото, заедно со квалитетот и независноста на судството, изјави министерот за правда, Игор Филков.
На отворањето на 15-тата сесија на националната конвенција на Европската унија во Македонија, Филков напомена дека должината на судските постапки е главен аспект на ефикасноста и дека долготрајноста на постапките останува еден од најголемите проблеми во правосудството, кој генерира повреди на човековите права.