„Филхармонија на отворено“ во дворот на Министерството за култура
Foto

„Филхармонија на отворено“ во дворот на Министерството за култура

Камерниот концерт од серијата настани „Филхармонија на отворено“, ќе се одржат на отворено во дворот на Министерството за култура.

Во рамки на концертот ќе настапат музичари од оркестарот на Филхармонија со своите камерни состави.

На програмата дела од Чејс, Премру, Дебиси, Убер, Сен-Санс, Ловленд и Шостакович, а ќе настапат трио тромбони, Скопски брас квинтет, Александра Чуруковска – контрабас, Филип Петрески – хармоника, Маријана Николовска на пијано, Ева Богоеска – виолина и Марија Трајковска – виолина.

0 Коментари

Остави коментари