Филиповска во 24 анализа: На онкологија понекогаш се случува 5 сестри да опслужат 300 пациенти

Андријана Филиповска, главна сестра на онкологија во 24 анализа рече, дека бројката на пациенти на дневно ниво понекогаш стигнува и до 250 до 300, додека бројот на сестри кои ги опслужуваат овие пациенти е 4 или 5.

Според неа, во клиниката недостасува персонал.

„Имаме се повеќе пациенти. Денеска стапив во контакт со колегите кои водат стаистика  и ме информираа дека од јанаури до денес имаме 1970 нови пациенти. Секоја година имаме се повеќе и повеќе нови пациенти. Секојдневно кај нас поминуваат од 250 до 300 пациенти и тоа е огромна бројка. Ние имаме малку персонал и не можеме да се справиме. Просечно 200 пациенти поминуваат за зрачна терапија. Од 800 до 1000 поминуваат во болницата, дали за контрола, дали за подигање таблети, дали за хемотарија.  Јас располагам со 53 медицински сестри од кои 6 ми се на породилно, имаме 15 оддели на клиника, 15 одделнски сестри, 12 се менуваат ноќна смена. Работиме по 18 и 24 часа. Дневната болница работи од 7: 30 до 19:30. Во 12 почнува втора смена и 8 сестри работиме во дневната болница. Бројката ни е променлива, некогаш се случува од 250 до 300 пациенти да ги опслужат 4 до 5 сестри. Јас скоро една година како сум главна сестра и една година немаме одговор на ветувањата дека ќе добиеме медицински персонал. Имам три сестри кои се волонтери но немаме никаков одоговор и 10 сестри си замина во странство. Заминуваат во пензија и на нивно место немаме нови вработени, ни недостастува пероснал“, рече Филиповска.