Филипов во СТУДИО 10: Спорот со Бугарија е измислен спор, а не меѓународен спор
Поранешниот амбасадор Ѓорѓи Филипов во СТУДИО 10 на ТВ24 вели дека не очекува посериозно нарушување на односите меѓу Бугарија и Македонија оти и во Бугарија има свесни и разумни луѓе и зрели политичари и интелектуалци.
-Ова е измислен спор, ова не е меѓународен спор, вели Филипов.
Филипов вели дека според резултатите од последните избори во Бугарија на кои партијата на Џамбаски е на дното, сето ова што се случува може да се толкува како последен крик на национализмот.
Тој потсетува дека на Македонците на почетокот од нашата незавосност не им беше дозволувано да одат на гробот на Јане Сандански, па тоа не предизвикало повлекување на амбасадори.
Со Бугарија имаме општ спор со зборот Македонија, вели Филипов.
-Политиката кон некои нешта во државата треба да биде единствена и покрај другите политички разлики што може да постојат, вели Филипов.
Тој додава дека пред да се донесат некои потези треба да се знаат фактичките состојби, да се дојде до вистината и сите оние кои даваат изјави треба да даваат усогласени изјави.