Филипов во СТУДИО 10: Бугарите може да влезат во Уставот, па повлекувањето на амбасадорот личи на обид да се разубеди ЕУ

Не е страшно да се повлече амбасадор, но не е ни добро. Тоа значи дека едната страна е незадоволна од третманот што го има во другата земја. Овие најави на Бугарија можеби се мотивирани од внатрешни причини, оти земјата е пред избори. Други причини не гледам, вели Ѓорѓи Филипов, поранешен амбасадор, во СТУДИО 10 на ТВ24.

-Јас не се сеќавам дека некој некогаш се изразил како Бугарин во Македонија и имал проблем поради тоа. Оттука можеби проблемот е во друго. Можеби Бугарија е незадоволна од напредокот во чекорите на Македонија кон ЕУ. Евентуално може да попречи на нашиот влез во ЕУ ако Бугарите не се внесат во Уставот. Оттука повлекувањето на бугарскиот амбасадор може да се толкува како обид да се убеди Европа дека Македонија не треба да влезе во ЕУ оти се свесни дека нема никаков проблем и Бугарите како и многу други да бидат внесени во Уставот, вели Филипов.