Филипче: За жал, има млада почината пациентка, родителите се согласија за донирање на нејзините органи
Foto

Филипче: За жал, има млада почината пациентка, родителите се согласија за донирање на нејзините органи

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека денеска починала млада пациентка и добиле согласност од нејзините родители за донирање органи.

- Веројатно имаме потенцијал за уште една трансплантација. Денеска за жал кај нас има млада почината пациентка, има согласност за донација на органи од семејството и сега се прават проверки и во однос ХЛА типизацијата за тоа дали може да се направи трансплантација и на срцето и на бубрезите. Ако се најдат соодветни реципиенти во текот на денешниот ден се ќе се заврши, рече Филипче.

0 Коментари

Остави коментари