Филипче за тв 24: Во Македонија за првпат ќе се изведе трансплатација на срце
Foto

Филипче за тв 24: Во Македонија за првпат ќе се изведе трансплатација на срце

Министерот за здравство венко Филипче во отвореното студио на 24 анализа препорача дека изборите кога и да се организираат, се е сигурно кога се почитуваат превентивните мерки.

„Епидемијата сега е максимално под контрола, има мали пикови, такви мали бранови е едно од сценаријата на СЗО, кривата е спласната.“ - рече филипче.

Во однос на лекувањетото, тој рече дека за секој пациент лекувањето е различно и ерапијата се препишува врз основа на клиничките параметри и врз основа на тоа се дава терапијата Повеќето лекови се темели на антивирусна терапија.

Што се однесува со критиките и обвинувањата од страна на опозицијата, Филипче вели дека во овие две изминати години е направено многу во здравствениот систем.

„Покажавме како институциите треба да работат. Почнавме да го зајакнуваме системот со прием на нови лекари и медицински сестри.“ - рече Филипче.

Траат подготовки и за изведување на првата трансплатација на срце кај нас, откри Филипче и објасни дека станува збор за починат пациент и пациент кој чека на срцето Доколку дозволи состојбата и има услови за операцијата, ќе се започне со интервенцијата на клиниката за кардиологија со мешовит тим. Тоа е ризична интервенција и ризкот е голем и единствен спас за пациентот е оваа процедура. Кај пациентот донатор е констатирана мозочна смрт, но срцето е во добра состојба.

„Имаме, за жал, почината пациентка чие семејство се согласи да го донира срцето и пациент кој веќе подолго време чека донор. Се спремаат тимовите и доколку дозволи клиничката состојба во текот на вечерта ќе се изврши најпрво експлантација на срцето од донорот, а потоа и трансплатација.“ - рече Филипче.

0 Коментари

Остави коментари