Филипче за ТВ 24: Мицкоски доживеа дипломатски пораз, македонскиот јазик го затвори СДСМ

Претседателот на СДСМ Венко Филипче го поздрави усвојување на извештајот за Северна Македонија од страна на комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент. Сепак неговата оценка е дека македонската дипломатија денеска доживеала дебакл оти се дозволило да се преговара за македонскиот јазик и идентитет токму од сестринските партии на ВМРО ДПМНЕ. Нашиот идентитет е потврден до Европскиот парламент, а македонското собрание во 2022 година има донесено заклучоци со кои тогашната и секоја наредна влада се обврзува да не преговара за јазични и културните особености, дополни Филипче.