Филипче: Во новите тела на СДСМ ќе ги обединам сите компетентни и искусни кадри
Поранешниот министер за здравство и актуелен пратеник Венко Филипче, кој е и еден од четворицата кандидати за претседател на СДСМ, при промоцијата на програмата пред членоството, вели дека ако биде избран, ќе ги обедини сите искусни кадри кои во минатото и сега придонесувале во партијата и општеството.
Покрај промена на начинот на внатрепартиските избори за општинските раководства, најавува и формирање на три нови тела кои треба да овозможат ефикасна партиска организација.
Во трка за престдателската функција се и пратеничката Славјанка Петровска, Александар Бајдевски и Јован Деспотовски, двајцата високи партиски функционери. Деспотовски бара јавна дебата на кандидатите за соочување на програмите и визиите.

